Mastercard Travel Rewards® - Правила и Услови за Споственици на картички

Опис на програмата

Mastercard Travel Rewards претставува дигитална, прекугранична програма со понуди. Со оваа програма, сопствениците на картичка кои ги исполнуваат условите имаат пристап до “cashback” понуди од познати трговци во некои од најпопуларните дестинации низ светот и онлајн. По купувања извршени кај овие трговци, на сметките на корисниците автоматски ќе бидат доставени кредитни поени од банката – издавач на картичката, без потреба од купони и промотивни кодови.

Сите корисници со важечка Mastercard картичка имаат пристап до понудите од Mastercard Travel Rewards програмата. Важечки картички се сите премиум Mastercard картички (Златна, Платина, Светска, Светска Елитна Дебитна и Кредитна картичка) издадени од Македонски издавач. Едноставно, со користење на картичката, корисниците добиваат пристап до ексклузивни понуди низ цел свет. Некои понуди се интегрирани директно во важечките картички, додека другите понуди се активираат со додавање на понудата на картичката. За понудите за кои е потребна активација, корисниците треба да кликнат на копчето “Додајте на Картичка“ (“Add to Card“) на понудата пред да извршат купување во рамки на понудата. За тековна листа на понуди, дестинации и индивидуални понуди и услови, корисниците може да ја посетат страницата https://mtr.mastercardservices.com/mk/c/macedonia. Листата на трговци и дестинации се ажурира со нови на квартално ниво.

Услови и Правила на Понудата:

Трансакциите што се квалификуваат во оваа програма се ограничени на оние процесирани од Mastercard и може да бидат направени само со важечка Mastercard картичка. Трансакциите мора да се извршат во локалната валута од државата во која е наведена трговската понуда. Некои понуди се ограничени на физичко купување во самата продажна точка, или пак, на онлајн користење на истите. Некои понуди се ограничени на една употреба / користење по корисник во однапред дефиниран временски период. Повратот на средства (“cashback”) во форма на кредитни поени, може да трае до 60 дена додека да се појави во извештајот од картичката на корисникот, во зависност од издавачот на картичката. За повеќе детали, Правила и Услови, Политика на приватност и други значајни информации, посетете ги линковите: https://mtr.mastercardservices.com/mk/c/macedonia.

Услови и Правила на Програма

Mastercard го задржува правото да додава или да отстранува трговски понуди или пазари во било кое време, без претходно известување. За сопствениците на важечки Mastercard картички, трговците може да понудат одредени попусти, рабати, или други бенефити за купување добра и услуги кои ќе бидат достапни на https://mtr.mastercardservices.com/mk/c/macedonia. („Веб страницата на Mastercard“). Ваквите понуди подлежат на одредени услови и правила, а програмата може да се промени во било кое време, без претходно да ве извести.
Mastercard не сноси одговорност за евентуална загуба или штета од било кој тип, која се појавила како резултат на било која интеракција помеѓу сопственикот на картичката и трговецот врз основ на овие понуди. Освен во случаи дефинирани и пропишани во овој текст, сите работи, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на достава на добра и услуги, враќања и гаранции, се исклучиво и стриктно помеѓу сопственикот на картичката и конкретниот трговец. Сопствениците на картичката свесно потврдуваат дека Mastercard не ги одобрува, ниту пак ги гарантира трговците и нивните понуди до кои може да пристапите преку веб страницата на Mastercard.
  • Mastercard не презема одговорност за понудените производи и услуги.
  • Mastercard го задржува правото на прилагодување на пропуштени или неточни поврати на средства преку Mastercard системите и на приказ на ваквите прилагодувања на корисничкиот извештајот за картичката. Mastercard нема обврска да обезбеди било каква компензација или надоместок за овие прилагодувања.
  • Повратот на средства не важи во случај на одбиени или рефундирани трансакции.
  • Сопствениците на картички ќе се придржуваат до релевантните закони и условите и правилата на програмата. Во случај сопствениците на картички да користат било какви начини и средства кои го нарушуваат интегритетот, како системски пропусти и грешки, софтверски додатоци, приклучоци, или малициозни однесувања, како незаконско остварување профит, повлекување готовина, лажни трансакции и друго, за да дојдат до поврат на средства, Mastercard го задржува правото да го одземе важечкиот статус на сопственикот на картичката и да откаже или да повлече било каков исплатен поврат на средства, директно или преку банката – издавач.
  • Лица кои немаат навршени 18 години не може да учествуваат во програмата.